Субвенции за сметките за струја за 611.000 домаќинства и 68.000 мали потрошувачи
Ќе се субвенционира и цената на топлинската енергија за 63 илјади корисници во Скопје за што се предвидени 7,4 милиони евра.
Преку програмата за енергетска сиромаштија, за 5.000 семејства ќе се исплатат милион евра во вид на финансиска поддршка. Предвидени се 1,1 милион евра за околу 2 250 корисници за финансиска поддршка на домаќинствата за инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, односно поддршка за фотонапонски панели до максимум 80.000 денари, максимум 15.000 денари за соларни системи, и до максимум 25.000 денари за инсталација на ПВЦ прозорци и врати.
Ќе продолжи и мерката за субвенционирање на струјата и 90-процентното субвенционирање на цената на струјата за 611 илјади домаќинства и 68 илјади мали потрошувачи за што се проценува дека ќе бидат потребни 35 милиони евра. Ќе се субвенционира и цената на топлинската енергија за 63 илјади корисници во Скопје за што се предвидени 7,4 милиони евра. Исто така, ќе продолжи и финансиската поддршка за сметките за струја за домаќинствата со ниски приходи, корисници на гарантирана минимална помош и социјална пензија, со по 1.200 денари месечно во наредните шест месеци. Опфатени се над 50 илјади корисници и е во вкупен износ од 5,9 милиони евра, објави премиерот Димитар Ковачевски.