Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Субвенциите за туризмот ќе бидат исплатени следната или најдоцна наредните две недели
Тие што не се исплатени, ќе бидат префрлени следната или најдоцна наредните две недели, рече денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.
Завршени се сите процедури во однос на апликациите за субвенциите во туризмот. Тие што не се исплатени, ќе бидат префрлени следната или најдоцна наредните две недели, рече денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.
-Зборувам за сите тие што ги исполнуваат условите согласно објавениот повик во рамки на шестиот пакет мерки, рече Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања на настанот по повод 27 Септември, Светскиот ден на туризмот.
Според него, Министерството ќе продолжи со мерките за поддршка на туризмот.
-Затоа бараме од сите чинители да придонесат со нивни предлози и барања, да кажат што е за нив најдобро во пост-КОВИД периодот.
Претходно, Владимир Граматиков од Сојузот на стопански комори (ССК) потврди дека имало административни пречки во доделувањето на субвенциите.
-Во комуникација со Министерството за економија се обидовме да ги откриеме пречките. Се надеваме дека субвенциите ќе бидат исплатени и дека се ќе биде во ред, истакна Граматиков.