Субвенциите забрзано се исплаќаат пред избори
Стана практика пред избори да се исплаќаат земјоделските субвенциите кои доцнат. На лозарите само последниов месец им беа исплатени 80 отсто од дополнителните субвенции за 2 денари за килограм предадено грозје. И на сточарите на два месеца пред изборите им беа исплатени основните субвенции и субвенциите за оставено женско јагне, а на оризарите пак поради ниската откупна цена на оризовата арпа која годинава изнесуваше 16 денари за килограм пред избори им беа ветени дополнителни три денари за килограм
Субвенциите забрзано се исплаќаат. Последниве неколку месеци се исплатија голем дел од ланските субвенциите за сточарите, лозарите, овоштарите, а беа ветени и дополнителни интервентни мерки за помош на оние земјоделски култури чии цени годинава беа многу ниски. Земјоделците велат дека субвенциите забрзано се исплаќаат пред избори, а дел од ветувањата за дополнителна помош откако ќе поминат изборите остануваат само на хартија. Пред два месеци сточарите ги добија субвенциите за 2020 година во износ од над 1 милион евра. На сметките на 11.785 субјекти исплатени беа 617.6 милиони денари по основ на субвенции за обележани грла говеда и кози како и задржано женско јагне. Исто така беа исплатени 11,4 милиони денари на 206 тутунари, а на 7.347 субјекти им беа исплатени 255,9 милиони денари субвенции за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко.
Според земјоделците ова стана практика пред извори да се исплаќаат земјоделските субвенциите кои доцнат. На лозарите само последниов месец им беа исплатени 80 отсто од дополнителните субвенции за 2 денари за килограм предадено грозје.
-ЛАНСКИТЕ СУБВЕНЦИИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ПОСТОЕЧКИТЕ ЛОЗОВИ НАСАДИ 90 ОТСТО СЕ ИСПЛАТЕНИ. РОКОТ ЗА ИСПЛАТА НА ОВИЕ СУБВЕНЦИИ БЕШЕ ДО 30 ЈУНИ. ШТО СЕ ОДНЕСУВА ДО ДОПОЛНИТЕЛНАТА СУБВЕНЦИЈА ОД 2 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ ПРЕДАДЕНО ГРОЗЈЕ, КОЈА БЕШЕ ДОНЕСЕНА ПОСЛЕДНИВЕ ГОДИНИ ПОРАДИ НИСКАТА ОТКУПНА ЦЕНА НА ГРОЗЈЕТО, ОКОЛУ 80 ОТСТО БЕА ИСПЛАТЕНИ ПОСЛЕДНИОВ МЕСЕЦ. ИСТО ТАКА, ПРЕД ДВА МЕСЕЦИ БЕА ИСПЛАТЕНИ И СУБВЕНЦИИТЕ ЗА МЛАД ЗЕМЈОДЕЛЕЦ ЗА 2018 ГОДИНА, ВЕЛИ ЗА ВЕЧЕР, ДАНЕ ЈОШЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕГИОНАЛНОТО ЗДРУЖЕНИЕ „ТИКВЕШКИ ЛОЗАРООВОШТАРИ“.
Тој вели дека останува да се исплатат уште останатите пари од дополнителната помош за предадено грозје, како и ветеното зголемување од 20 отсто на субвенциите за млад земјоделец за 2019 и 2020 година.
И на сточарите на два месеци пред изборите им беа исплатени основните субвенции и субвенциите за оставено женско јагне, очекуваат уште да бидат исплатени субвенциите од интервентната мерка од 400 денари за предадено јагне во кланици.
-ОСНОВНИТЕ СУБВЕНЦИИ ЗА 2020 ГОДИНА СЕ ИСПЛАТЕНИ, А ОД ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ РЕЧИСИ ЦЕЛОСНО СЕ ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ОСТАВЕНО ЖЕНСКО ЈАГНЕ. ДОДЕКА ПАК, ПАРИТЕ ОД ДОПОЛНИТЕЛНАТА МЕРКА ОД 400 ДЕНАРИ ЗА ПРЕДАДЕНО ЈАГНЕ ВО КЛАНИЧНИ КАПАЦИТЕТИ СÈ УШТЕ ГИ ЧЕКАМЕ. ОВАА МЕРКА БЕШЕ ДОНЕСЕНА МИНАТАТА ГОДИНА ВО ДЕКЕМВРИ И СÈ УШТЕ СЕ ОБРАБОТУВААТ ПОДАТОЦИТЕ. ОСТАНУВА УШТЕ ДА СЕ ИСПЛАТАТ ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ МЕРКИ ЗА ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО, ЗА РУРАЛНИ ПОДРАЧЈА СО ОГРАНИЧЕНИ МОЖНОСТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО, ЗА ИНДИВИДУАЛНИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ, ВЕЛИ ЗА ВЕЧЕР, НИКОЛА ГЕОРГИЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОЈУЗ НА ОДГЛЕДУВАЧИ НА ОВЦИ.
На оризарите, пак, поради ниската откупна цена на оризовата арпа, која годинава изнесуваше 16 денари за килограм, пред избори им беа ветени дополнителни три денари за килограм.
За оризопроизводителите кои мака мачат да ги покријат производствените трошоци, велат дека со оваа мерка Владата само им остава простор на откупувачите уште повеќе да ја спуштат цената.
-ОТКУПУВАЧИТЕ НÈ УЦЕНУВААТ И СО ОВАА ИНТЕРВЕНТНА МЕРКА ОД 3 ДЕНАРИ ДОПОЛНИТЕЛНО НИ ЈА СИМНУВААТ ОТКУПНАТА ЦЕНА. ОРИЗОВАТА АРПА ЈА ОТКУПУВААТ ПО 16 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ, ШТО Е НАДВОР ОД СЕКАКВА ЛОГИКА, ИМАЈЌИ ПРЕДВИД ДЕКА ПРОИЗВОДСТВЕНАТА ЦЕНА Е ОКОЛУ 20 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ ОРИЗОВА АРПА, ВЕЛИ СТОЈЧЕ ТАСОВСКИ ОРИЗОПРОИЗВОДИТЕЛ ОД КОЧАНСКО.
Освен ветената мерка од дополнителни три денари за килограм ориз, последниов месец исплатени се и субвенциите за полјоделски култури од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството од околу 640,5 милиони денари, во кои влегуваат и субвенциите за оризот што ги добија над две илјади субјекти.
Освен субвенциите, случајно или не земјоделците пред две недели ги добија и картичките за „зелена нафта„ кои требаше да ги добијат уште пролетта.https://www.vecer.press/