„ВИНА ОД МАКЕДОНИЈА“ НА САМИТОТ ВО ПОЗНАЊ

(Oвој напис е објавен на: July 5, 2019)

Во рамки на Самитот на Западен Балкан,  на националниот штанд на Република Северна Македонија, Здружението „Вина од Македонија“ („Wines of Macedonia)  ги претстави македонските вина.  На националниот штанд минувачите имаа можност да ги дегустираат најквалитетните вина од повеќе македонски винарници, како и да се запознаат со начинот на производство на истите.

Извршниот директор на Здружението, Елена Младеновска-Јеленковиќ, истакна дека учеството на овие настани ни овозможува подобро да се промовираме како земја, но и подобро да се запознаеме со најновите трендови и навики на потрошувачите од ЕУ. Преку ваков вид на промоција и во контакт со чинителите на политиките, имаме можност да ги истакнеме потенцијалите на македонската винска индустрија, но и приоритетите во однос на унапредувањето на конкурентноста, заштитата на географското потекло и регистрацијата на географските ознаки за вино во Македонија, – додаде Јеленковиќ.

Промоцијата на македонските вина, како и секогаш, па така и овој пат , предизвика голем интерес кај претставниците од 16-те земји учеснички на овогодишниот Самит.

 


 

vecer