Сушата драстично ги намали приносите на тетовскиот грав
Поскапувањето на земјоделските препарати натера многумина да се откажат од сеидба на грав
Драстично намалени приносите на грав во тетовскиот регион. Земјоделците велат секоја година родот е се помал поради климатските промени.
Ако порано од еден декар ваделе и до 100 кг. грав, сега едвај 25 кг. Дополнително поскапувањето на земјоделските препарати натера многумина и да се откажат од сеидба.
„Пред 10 – 15 години се сееше по 5, 10, 15 декара, сега веќе се намали полето. Поскапеа земјоделските алати, препаратите, горивата. И временските услови многу се сменија, полето ни остана пусто, гравот го напаѓаат разни болести, и луѓето се откажаа од полето и од пченката и пченицата и од се“, вели земјоделецот Среќко Анчевски.
Тоа што гравот го нема во доволна количина, го користат препродавачите, кои гравот од други земји го нудат како тетовски. За да се сопре злоупотребата Невладината организација Центар за едукација и развој вели дека истиот да се брендира.
Од таму порачуваат дека Државата мора да се залага тоа, но и да се поттикнат земјоделците со субвенции за во иднина да не се соочуваме со вакви проблеми.
„Единствено мислам дека е со брендирање, тоа е единствената можност и би сакале ние како Организација, имаме искуство, да бидеме можеби носители на овој процес и да се работи на оовј процес и да не ни се случува како со ајварот, и други производи, единствена можност е брендирање со сите спецификации кои ги има и во иднина да биде заштитен знак на полошкиот регион, вели Метин Муареми, од организацијата Центар за едукација и развој – Теарце.https://telma.com.mk/