Вести
Сушата ги кочи подготовките за есенска сеидба
Сушниот период кој во штипскиот регион трае речиси три месеци, е причина за главоболки кај земјоделците кои не можат да започнат со подготовките за претстојната есенска сеидба.
Неодамнешните дождови не се доволни да ја подобрат состојбата, велат земјоделците. Тоа што заврна е капка во море, поради што механизацијата не е во состојба да влезе во нивите.
Освен ова, проблем за сејачите се и високите цени на ѓубривата.
Во штипскиот дел на овчеполието есенва треба да се засејат над 6000 хектари. Од нив со пченица 4000 и 2000 хектари со јачмен.
Инаку, вчера се одбележа Свети Симеон Столпник, според верувањето ден кога започнуваат земјоделските активности за тековната година.