Тетовскиот грав настрада од сушата

(Oвој напис е објавен на: October 6, 2017)

Годинава и тетовското гравче ќе го нема многу на пазарот. Тетовчани велат дека ќе нема доволно и за нивните потреби, а камо ли за продавање. Она што ќе успее да дојде на тезгите и во маркетите ќе биде малку, и по многу повисока цена.

Тетовскиот грав годинава ќе го нема доволно. Поради сушата и високите температури собрани се само околу 10 проценти од годишниот род.  Земјоделците велат дека немаат доволно ни за сопствените потреби и тешко дека нешто ќе остане за продавање.

Тетовскиот грв лани се купуваше по 150 денари за килограм, но поради малата понуда цената годинава може да поскапе и до 250 денари.

Гравот е најзастапен во Полошкиот регион со домашна сорта, а поради квалитетот е баран и надвор од Македонија. Производството најчесто е како меѓупосев, односно се одгледува во комбинација со пченка.

Од скоро 13.000 хектари под оваа култура годишното се добива род од 12.000 тони. Специфичноста на тетовскиот грав е во неговиот вкус и во лесниот начин на подготовка.

Share Button