Сушата во Бразил ќе предизвика проблеми во снабдувањето со кафе
Потрошувачката на кафе расте од ден во ден, а стручњаците предупредуваат на можни проблеми во снабдувањето заради сушата во Бразил, објави Меѓународната организација за кафе(ICO).
Статистиката покажува дека од 2011 година побарувачката за кафе просечно расне по 2,4 отсто годишно, при што титулата на водечки потрошувач на кафе во светот ја носи Европа, со годишна потрошувачка што надминува 51.000 вреќи од по 60 килограми. Следат Азија и Океанија со над 30.000 вреќи од 60 килограми, па Северна Америка со повеќе од 27.000 вреќи годишно.
Побарувачката според овонеделните податоци на ICO е традиционално голема во земјите како Канада, ЕУ, Јапонија, Норвешка, Швајцарија и САД. Тренд на јакнење на побарувачката бележат пазарите во формирање, како што се Алжир, Австралија, Русија, Јужна Кореја, Турција и Украина.
Во 2014 година вкупната светска потрошувачка на кафе достигна 143,25 милиони вреќи, а податоците за 2015 ќе бидат објавени до крајот на оваа недела. Производството, пак, се намалува и се проценува дека во сезоната 2014/2015 било 2,3 отсто помало отколку во претходната сезона. Според некои извештаи, во 2015 година вкупно се произведени 141 милиони вреќи кафе, заради сушата и габичките во Бразил.
Според некои проценки, побарувачката за кафе на глобално ниво би требало во следните пет години да порасне 25 отсто и да достигне 175,8 милиони вреќи кафе во 2020 година.