fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Каракашев-Тутунарите сплотени, обидот за уште еден манипулативен откуп пропадна

На спротивната страна имаме тотален хаос. Ниту откупните фирми ниту ресорното министерство не излегуваат со официјален став.

Почитувани тутунопроизводители

Деновиве сме сведоци на една невидена сплотеност на тутунопроизводителите што прв пат се случува во поновата наша историја.  Сведоци сме на еден масовен бојкот за откупот  на тутунот по цени кои не ги покриват ни производните трошоци, а камоли да остане некоја пара. Во целата ова ситуација кога тутунопроизводителите на еден демократски и цивилизиран начин го искажуват својот оправдан револт и пасивен отпор, во меѓувреме на спротивната страна имаме тотален хаос.  Ниту откупните фирми ниту ресорното министерство не излегуваат со официјален став. Со самото тоа се потврдува дека обидот да се изврши уште еден манипулативен грабеж на тутунарите им пропадна. Деновиве сме сведоци на засилена и крајно арогантна пропаганда од разноразни центри се со единствена цел да се разединат тутунопроизводителите и да отпочне грабежот.

Почитувани ние како Национална земјоделска мрежа уште еднаш укажуваме и предупредуваме  да не  подлегнувате на притисоци, уцени, дезирформации, бидете повеќе од сигурни дека тутун нема.  Тутунот на откупните фирми ова година им е насушно потребен, според наши неофицијални информации меѓу откупните фирми владее општ хаос и разединетост и прашање на денови е кога ќе почне стампедото на откуп на тутун од нивна страна, но не под нивни услови и уцени туку по наши услови. Кон ова повторно ќе додадеме дека ние сме за брз почеток на откупот, но по реални откупни цени. Ние како Национална земјоделска мрежа сме и ќе останеме докрај со нашите колеги тутунопроизводители. Хаосот што го предизвикаа откупните фирми и ресорното министерство час поскоро ќе мораат да го решат затоа што на ваков начин се губи довербата и во институциите и во откупните фирми

Со искрена почит и поддршка Ѓорги Каракашев-Национала земјоделска мрежа

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close