вести

Недоволно органско производство, за в година резервирани 160 милиони евра за субвенции

organsko proizvodstvo

Само три проценти од македонското земјоделство е базирано на органското производство. Како најголем проблем, производителите на органски производи ги наведуваат  климатските промени. Експертите препорачуваат, за да биде конкурентно македонското земјоделско производство, треба да се следат светските трендови. Поддршката во земјоделството ќе изнесува 160 милиони евра, на годишно ниво, а акцентот ќе биде на органското производство. Ќе бидат предвидени и дополнителни субвенции и нови мерки за модернизација на органското производство.

„Во делот на органското производство секако дека преку мерките во рамките на програмата, преку програмите кои во следниот период ќе се носат, ќе предвидиме и дополнителни субвенции, и дополнителни нови мерки, што значат модернбизација на органското производство, но и засилена поддршка на извозот и промоција на органските производи“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.


 

21 тв

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close