вестиСоветиТоп вести

Заштита на пченка

 

 

Пченката е важна житна култура што главно се користи за исхрана на животни и биогорива. Оваа култура бара професионално одгледување за да се достигне нејзиниот оптимален производен потенцијал. Производителите на пченка се соочуваат со многу различни предизвици. Неповолни временски услови, нестабилни цени на производот, плевели, инсекти, болести, несоодветна исхрана и многу други фактори кои може да го загрозат работењето на земјоделецот.  Како и сите други култури така и во одгледувањето на пченка се јавуваат одредени штетни агенси кои може да го доведат целото производство под опасност. Плевелите се економски најзначајниот штетен агенс кои сериозно може да го намалат приносот од пченка.

 

Хербициди:

  • Stomp aqua (pendimethalin – 455 g/L): 3 – 4 L/ha
  • Basar (S – metolachlor – 960 g/L): 1 – 1.2 L/ha
  • Wing P (dimethenamid P 212,5 g/L + pendimethalin 250 g/L): 3 – 4 L/ha
  • Akris (dimethenamid P 280 g/L + terbuthylazine 250 g/L): 3 – 4 L/ha
  • Basar Plus (S-Metolachlor5g/L + terbuthylazine187.5g/L): 4 L/ha
  • Arrat (tritosulfuron 250 g/kg + dicamba 500 g/kg): 200 g/ha
  • Mustang (florasulam 6,25 g/L + 2,4D 2 ethylhexyl ester 452 g/L): 500 mL/ha
  • Samson 4SC (nicosulfuron 40 g/L): 1 – 1.2 L/ha
  • Talisman OD (nicosulfuron 40 g/L): 1 L/ha
  • Mural (dicamba480g/L): 500 mL/ha

 

За сузбивање на голем број економски значајни теснолисни и широколисни плевели по сеидба а пред никнење на пченката ги препорачуваме хербицидите:

Stomp aqua (3 – 4 L/ha) или Basar (1 – 1,2 L/ha)илиWing P (3 – 4 L/ha).

Од моментот на сеидба до фаза на три листа за сузбивање на голем број на економски значајни теснолисни и широколисни плевели, ги препорачуваме хербицидите: Basar Plus (4 L/ha) или Akris (3 – 4 L/ha).

 

Во зависност од популацијата на плевели во периодот од никнење на пченката до максимален шести лист може да се употребат следниве хербициди:

За сузбивање на теснолисните плевели

  • Samson 4 SC (доза: 1 -1,2 L/ha)
  • Talisman OD(доза: 1 -1,2 L/ha)

 

За сузбивање на широколисни плевели

  • Mustang (доза: 0,5 L/ha)
  • Arrat (доза: 200 g/ha)
  • Mural (доза: 0,5 L/ha)

 

Економски најзначајни штетници во производството на пченка се: Helicoverpaarmigera (пченкина или памукова совица), Ostrinianubilalis (пченкин пламенец)и Elateridae (телени црви) за нивно сузбивање се препорачува инсектицидот: Nurelle Dво доза од 1,5 L/ha.

 

Заштита на сончоглед:

Кај конвенционални хибриди на сончоглед за сузбивање на голем број економски значајни теснолисни и широколисни плевели се препорачува примена на хербициди по сеидба а пред никнење:

  • Stomp aqua (pendimethalin – 455 g/L): 3 – 4 L/ha
  • Basar (S – metolachlor – 960 g/L): 1 – 1.2 L/ha
  • Wing P (dimethenamid P 212,5 g/L + pendimethalin 250 g/L): 3 – 4 L/ha

Додека кај таканречените Clearfield хибриди, по никнење максимално до фаза на 5 – 6 лист може да се применат следниве хербициди:

  • Pulsar 40 SL (imazamox 40 g/L): 1.2 L/ha
  • Focus Ultra (cycloxydim 100 g/L): 2 L/ha

Изготвил:

м-р Петковски Ефтим

(докторант на Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје)

Хемомак Пестициди ДООЕЛ – Велес

Слични написи

Back to top button
Close