fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Во Војводина еден хектар достигнува цена и од 20.000 евра

Колку чини земјоделското земјиште кај нас во споредба со ЕУ?

Земјоделското земјиште во Србија, посебно во Војводина е на цена, што не може да се каже и за другите земји од регионот, пишува српски Блиц.

За квалитетна парцела со добра локација во Војводина, треба да издвоите и по 20.000 евра за хектар. Од друга страна, земјоделското земјиште во Хрватска е меѓу најевтините во ЕУ, а мораториумот за продажба на странци истекува наскоро.

Земјоделско земјиште нема многу на понуда во Србија, а цената зависи од класата на почвата, локацијата, проодноста на патиштата, наводнување и дали е под закуп.  Се бараат парцели земја, а некои од нив имаат астрономски цени.

Во Јужнобачкиот округ и натаму цените се највисоки. Ораниците во Војводина се блиску со цени како оние во ЕУ. Просечната цена на хектар во овој дел од Војводина е по 12.000 евра. Во Севернобачкиот округ цените беа во просек по 10.000 евра, а Севернобанатскиот округ има цени од 8.000 евра по хектар, како во Шпанија.

Во ЕУ има драстични разлики на цените, па така ако во Луксембург цената на хектар е 47.290 евра, во Хрватска е 3.661. Ова може да се забележи од податоците на Евростат за 2021 година. За Холандија не се собрани податоци, но според податоците од 2020 година, таму просечната цена за хектар била 71.225 евра. Во Горни Норналд во Шведска е доста евтино и таму цената по хектар е 1.882 евра.

И во Хрватска има разлики. Во Јадранскиот дел е најскапо и чини 5.312 евра за хектар, додека во северна Хрватска е најевтино и чини 3.171 евра. Во Панонскиот дел цената е 3.701 евра. https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close