fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Народната банка очекува пораст на цените на нафтата во 2021 година

За 2021 година е извршена нагорна ревизија на цената на нафтата, при што сега се очекува дека растот ќе биде малку поголем во споредба со октомври, соопшти Народната банка

За 2021 година е извршена нагорна ревизија на цената на нафтата, при што сега се очекува дека растот ќе биде малку поголем во споредба со октомври, соопшти Народната банка во новиот извештај за макроекономските показатели.

„Нагорната ревизија во најголем дел е одраз на позитивните вести во однос на вакцината за Ковид-19 и очекувањата за поголема побарувачка, како и одлуката на земјите од ОПЕК+ за продолжување на мерката за намалување на понудата на нафта на светските пазари. Од друга страна, за 2022 година оцените се надолу ревидирани, при што се очекува минимален пад, наспроти предвидениот мал раст во октомври“, информираат од Народна банка.

Оттаму објаснуваат дека на 3.12.2020 година, земјите од ОПЕК+ решиле дека групацијата на земји ќе го продолжи ограничувањето на производството на нафта, при што почнувајќи од јануари 2021 година, квотите за намалување на производството на нафта ќе изнесуваат 7,2 милиона барели на ден, наспроти досегашните 7,7 милиони барели на ден (зголемување на производството на нафта за 500.000 барели на ден). Притоа, одлуките за натамошно ограничување на производството ќе се носат на месечна основа.

https://meta.mk/narodnata-banka-ochekuva-porast-na-czenite-na-naftata-vo-2021-godina/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close