fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Просечната нето-плата во август се зголеми, се пофалија од Владата

Нето-платата по вработен во август годинава, изнесува 31.871 денари, што е за 3.229 денари повеќе од истиот месец минатата година.

Мерките на Владата даваат позитивни резултати за зголемување на просечната месечна-нето плата, оценуваат од Владата, откако  Државниот завод за статистика, објави дека нето-платата по вработен во август годинава, изнесува 31.871 денари, што е за 3.229 денари повеќе од истиот месец минатата година.

-Постојаното зголемување на просечната нето-плата, е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата која изнесува 18.000 денари, соопшти владината прес-служба.

И во следниот период, стои во соопштението, Владата продолжува со креирање мерки и на амбиент за повисоки стапки на економски раст и раст на приходите на сите граѓани, со цел да се унапреди животниот стандард на граѓаните особено во услови на криза.

Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека зголемувањето на просечната месечна нето-плата за 11,3 проценти во август годинава, се должи пред сѐ на растот на платите во секторите: Преработувачка индустрија (16,2 проценти), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16,1 процент) и Уметност, забава и рекреација (15,6 проценти).

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close