fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

24 сторија: Полупразни торби за пазарење, ќе има ли мерки да се помине зимата?

Се живее за да се преживее, се доведовме во ситуација леб да не може да си дозволиме, сметките за струја да останат неплатени, се пожалија граѓаните.

Се живее за да се преживее, се доведовме во ситуација леб да не може да си дозволиме, сметките за струја да останат неплатени, се пожалија граѓаните.

Ценовните шокови рушат рекорди, а во торбиците се помалку производи кои може да ги покрие една просечна плата и пензија. А низ бројки во последните години и потрошувачката кошница покажува дека животот станува се поскап а стандардот на граѓаните се потанок.

Гледано низ пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, ако во август месец 2018 година на едно семејство му требале 32.464 денари за истиот месец годинава биле потребни 48.234 денари плус 100 евра за почеток на школска година за подготовка на еден ученик.

Животот на едно семејство, гледано низ пресметките на ССМ за месеците август 2018 и август 2022 станал поскап за 21.770 денари, односно, 352 евра.

Новите податоци на ДЗС покажуваат дека инфлацијата повторно галопира, трошоците за живот зголемени за речиси 17 проценти.

Граѓаните во август месец годинава во споредба со август месец лани плаќале поскапа храна за скоро 26 проценти, лебот станал поскап за 44.1 посто, месото поскапело за 23.3 проценти, млекото, сирењето и јајцата станале поскапи за сњкоро 27 проценти, маслото поскапело за 46.7 проценти.

Струјата поскапела за 20.2 проценти, гасот за 43.3 отсто, топлинската енергија станала поскапа за 30.1 проценти, течните горива 45 проценти. Поскапување има и кај транспортот и тоа за 17.4 проценти, потоа кај угостителските услуги 18.6, услугите за сместување поскапеле за 50.2 посто.

Додека европските држави веќе ги скроија своите пресметки за помош на своите грашани, власта во земјава се уште „планира да ги испланира“ мерките за граѓаните за надминување на енергетската и економската криза. Германската Влада скрои трет пакет помош за своите граѓани вреден 65 милијарди евра. Според новите мерки, сите пензионери ќе добијат еднократна исплата од 300 евра, а студентите ќе добијат 200 евра, а ќе се зголеми и финансиската поддршка за греење на домаќинствата зависни од социјална помош.

Португалија одобри пакет мерки од 4,2 милијарди евра за справување со инфлацијата и енергетската криза. Одобрениот пакет мерки вклучува намалување на данокот на додадена вредност на електрична енергија од 13 на 6 проценти од октомври најмалку до крајот на 2023 година, еднократна исплата од 125 евра за секој граѓанин што заработува до 2.700 евра месечно и вонредна исплата од по 50 евра за секое издржувано дете на возраст до 24 години.

Пензионерите ќе добијат еднократна исплата од 50 отсто од месечната распределба, со најава за покачување на пензиите наредната година до 4,4 проценти. Србија ќе предложи попуст на сметките за граѓаните кои ќе ја намалат потрошувачката на струја.https://24.mk/details/24-storija-poluprazni-torbi-za-pazarenje-kje-ima-li-merki-da-se-pomine-zimata

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close