fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност

Според  прогнозите на метеоролозите на УХМР времето денеска од пладневните часови особено во северните делови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд,грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени.

Утре од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме. Во недела нестабилно ќе биде претежно попладне и во источните делови од земјата со појава на пороен дожд и грмежи. Од понеделник времето ќе биде претежно сончево со побрз пораст на температурите и особено топло време на средината на работната недела.

Изминатиот период беше поволен за вршење на сите земјоделски активности, а зголемените температури овозможија добар развој на фазите на пролетните култури и поволни услови за привршување на жетвата на житните култури. Зголемените температури и повремената локална појава на врнежи го забрзаа процесот на зреење на градинарските и овошните култури како и на виновата лоза.

За време за викендот не очекува нестабилно време, проследено со дожд, грмотевици и засилен ветер. Во сабота се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме. Се препорачува да се откажат сите планирани активности на отворено и да се применат мерки за заштита од можни штети кои можат да настанат заради невремето. Од почетокот на наредната недела не очекува стабилно време со повисоки температури кои ќе овозможат сите активности на отворено да се извршуваат непречено. Заради зголемувањето на дневните температури во текот на наредната недела и недостатокот од врнежи кој се очекува во наредниот период се препорачува наводнување на земјоделските површини за да продолжи непречено нивниот развој,велат од УХМР.

 

Слични написи

Back to top button
Close