fbpx
Вести

Почна со работа првата дебарска млекарница „Кораб милк“

mleko-kozie

Почна со работа првата дебарска млекара „Кораб милк“, домашна инвестиција за што инвеститорот Селаудин Мифтаровски инвестираше 450 илјади евра.

Според Мифтаровски литар кравјо млеко во оваа млекарница се откупува по цена од 20 денари, а интересот кај производителите на млеко од општините Дебар и Центар Жупа е голем.

Капацитетот за обработка на млекото во млекарницата е околу 10 тони на ден, а ќе се произведува сирење, кашкавал, изварка, јогурт и кисело млеко.

Градоначалникот на Дебар, Ружди Лата, изјави дека отварањето на првата дебарска млекарница, дава можност дефинитивно да се надмине проблемот со пласманот на млекото, се отвара можност за нови вработувања, а воедно сточарите од Дебар и регионот, ќе можат да го зголемуваат бројот на кравите со цел да проиведуваат повеќе млеко.

Претседателот на здружението на сточарите „Даши“, Скендер Аме смета дека со отварањето на оваа млекарница се отвара широка можност за развој на сточарството./крај/мф/мн


 

макфакс

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close