fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Илче и Пеце од Карамани, сточари кои сакаат да продолжат во земјоделството

Трипуновски во посета на сточарите од Пелагонија

Ги посетив Илче и Пеце од Карамани, двајца сточари кои сакаат да продолжат да работат во земјоделството, објави заменик министерот Цветан Трипуновски.
Изминативе години власта на СДС не посвети ни малку внимание на македонските сточари, проблеми има премногу, субвенциите доцнат, земјоделското земјиште не завршува кај вистинските земјоделци, премногу бирократија при аплицирање за ИПАРД фондовите и државните мерки, а секако не заостанува ни проблемот со системите за наводнување.
ВМРО-ДПМНЕ предвидува сериозна помош за македонските сточари, ги враќаме 40те бода за локалното население при аплицирање за земјоделско земјиште, субвенциите ќе бидат зголемени и навремено исплаќани согласно календарот за субвенционирање и во делот на водостопанството годишно ќе инвестираме по 20 милиони евра само за реконструкција на системите за наводнување во Република Македонија. Ние вистински се грижиме за македонските земјоделци!
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close