fbpx
Вести

Високите температури во февруари, неповолни за земјоделството

Високите температури невообичаени за овој период од годината, се неповолни за дел од земјоделското производство, предупредуваат агрометеролозите. Најпогодени се житните култури, но и овошките. Агрометеоролозите велат дека иако наизглед растенијата се добри, тие сега ќе бидат осетливи на ниски температури.

„Ваквите временскин услови во текот на зимата кои во секој случај се невообичаени за овој период од годината нема да предизвикаат некои посебни негативни влијанија кај земјоделските култури. Во вакви услови најмногу може да страдаат новогодишните култури односно овошните и виновата лоза“ – вели Ангелко Ангелески.

visokite temperaturi vo fevruari nepovolni za zemjodelstvoto

 

Засега среќна околност е и тоа што деновиве ќе има мало намалување на температурите, кои ќе се задржат и во текот на следната седмица. Од останатите земјоделски култури, виновата лоза е во фаза на мирување, а ваквите временски услови ќе овозможат лозарите да немаат проблем со кроењето.

Вакви температурни шокови и високи температури во зимскиот период, имаше и лани, што според агрометеролозите не е невообичаено за Македонија.

Минатата година, првите 10 дена од февруари биле дури потопли од истиот период годинава, а тогаш беа забележани и повисоки температури.

„Ваквите температурни од -18 до +18 во зимскиот период јас мислам дека есенските посеви ги поднесуваат уште подобро, затоа што навлегоа оваа година поради закаснетата сеидба во ниски фази на развој“ – велат агрометеоролозите.

104812958

Во вакви температурни шокови, експертите советуваат земјоделците да внимаваат на прихранувањето на посевите, кое треба да се изврши овој период. Досегашната пракса покажува дека во вакви услови земјоделците треба да употребуваат течни ѓубрива кои полесно се впиваат во почвата. Според агрометеоролозите, ако се употреби тврдо вештачко ѓубриво тоа ќе остане нерастворено и ги губи својствата, како на пример азотот кој испарува, а посевот нема корист од тоа.

„Во наредните денови се очекува промена на временската состојба, па повторно ќе има заладување и повторно пад на температурите, така да сите овие работи ќе си дојдат на свое место. Време за ниски температури сеуште има, па очекуваме и во наредниот период да има и снежни врнежи и пад на температурите кои се вообичаени за овој период од годината“ – вели Ангелко Ангелески – агрометеоролог во УХМР.

Според анализите, евентуалните нагли зголемувања на температурите ќе нанесат сериозен удар врз земјоделското производство во неконтролирани услови, како што е поледелството, овоштарството, лозарството и градинарството на отворено. Агроекспертите веќе предупредија дека Македонија треба да ги мобилизира сите свои ресурси за да овозможи производство на квалитетна храна со конкурентска цена. Пред се тоа значи дека треба да се гледа иднината на земјоделското производство, поточно да се одгледуваат сорти кои ќе се прилагодат на климатските промени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close