fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Променливо облачно со сончеви периоди

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Од четврток следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и засилен јужен ветер. Во петок и сабота во попладневните часови ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, на места пообилни проследени со грмежи и силен ветер.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close