ВестиЛов и риболов

1,5 милиони евра субвенции за рибарство годинава

Со 1,5 милиони евра и годинава ќе се финансира порибувањето на езерата и реките и изградбата и реконструкцијата на рибниците.

1,5 milioni evra subvencii za ribarstvo godinava

 

За порибување на Охридско Езеро со подмладок од Охридска пастрмка се предвидени 10 милиони, а за Дојранското и Преспанското со крап, 900 илјади денари.

Субвенции ќе има и за мандрите на Дојранското езеро и капацитетите за преработка на риби во висина од 1,2 милиони денари.

Најголем дел од субвенциите се наменети за инвестиции во рибниците, за нови капацитети и за продадената риба на пазарот.

Исплатата на средства ќе се врши со реализирањето на активностите.

Договорот го склучува министерството по поднесено барање со бизнис план.

Поврзани новости

Back to top button