fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Земјоделските семејства повеќе јадат леб и зеленчук, а градските месо и салами

Земјоделските семејства годишно, или поточно кажано сезонски, јадат 34,6 килограми домати и 30,5 килограми пиперки.

Земјоделските семејства, во просек, јадат многу повеќе од неземјоделските, покажуваат податоците во Статистичкиот годишник што го објави Државниот завод за статистика, а кој се однесува на 2024 година. Значајно повеќе се јаде леб, повеќе се користи брашно, тестенини и ориз. Но земјоделските семејства повеќе трошат и зеленчук и овошје, што е и очекувано, затоа што ретко која куќа во село нема сопствена бавча со пиперки, домати, компири, овошки. Кога е во прашање свинското и говедското месо, градските семејства трошат повеќе. Секако, урбаните семејства се поголеми љубители и на сувомеснатите производи.

Во просек, семејствата во Македонија трошат по 172,3 килограми леб годишно. Под просекот се неземјоделските семејства со потрошувачка од 166,4 килограми, а над просекот се земјоделските семејства со потрошувачка од 225,8 килограми.

Во земјата позната по пиперки и домати, земјоделските семејства годишно, или поточно кажано сезонски, јадат 34,6 килограми домати и 30,5 килограми пиперки. Нивните сонародници од градските населби се малку помали потрошувачи – годишно на маса имаат 32,3 килограми домати и 29,5 килограми пиперки.

На село повеќе се каснува и јаболко, круша, кајсија. Но, кога е во прашање јужното овошје, неземјоделските семејства го консумираат 70 насто повеќе отколку земјоделските. Така, годишната потрошувачка на јужното овошје кај земјоделските семејства е 41,8 килограми, а кај неземјоделските 71,5 килограми.

Македонските домаќинства во просек јадат по 16,9 килограми говедско месо. Земјоделските семејства во просек јадат по 14,7 килограми, а неземјоделските „држат“ просек од 17 килограми. Годишната потрошувачка на свинско месо е 23,6 килограми, при што кај земјоделските семејства е 18,5 килограми, а кај неземјоделските е 23,4 килограми.

Од месото, според Државниот завод за статистика, Македонците се најголеми јадачи на живина. Но, иако Државниот завод за статистика така го дефинира, јасно е дека најголемиот дел е пилешко месо. Земјоделските семејства трошат 63,7 килограми живина, неземјоделските 45 килограми, а во просек изведен од сите домаќинства, потрошувачката е 45,6 килограми.

Годишни потрошени количества на артикли во домаќинствата во 2024 година (во килограми)

Извор https://pari

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close