fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Мицкоски: 800 милиони евра за македонското земјоделство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави 800 милиони евра за македонското земјоделство.

Програмата Палтформа 1198 во делот на земјоделството предвидува три основни цели за кои во еден четиригодишен мандат ќе се потрошат 800 милиони евра.

„Опоравување на земјоделството и руралните средини, доходовна поддршка на земјоделците, инвестиции во земјоделските стопанства, инвестиции за диверзификација на земјоделските активности, инфраструктура и опрема за заштита од временски непогоди и осигурување, инвестиции во водостопански проекти и реконструкција на системи за наводнување, развој на руралните средини, изградба на откупни дистрибутивни центри“, ова е едно од ветувањата во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните парламентарни избори, насловена Платформа #1198.

Мицкоски најави и обнова на сите водоснабдителни системи како и гарантиран откуп и загарантирана цена за македонските земјоделци.

„Ќе има мерки за управување со откуп и пазарни ризици, формирање на кредитен револвинг фонд за откуп на земјоделски производи, заканување на функциите на земјоделските задруги во откуп и продажба, изградба на откупни дистрибутивни центри“, посочи Мицкоски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close