fbpx
Вести

Земјоделците малку ги осигуруваат посевите

posevi

Се додека државата дирекно ги обештетува земјоделците погодени од природните катастрофи, тие нема да ги осигуруваат своите посеви. Според налдежните ова е главната причина за слабата продажба на овие полиси.  И покрај ланските штети  во 2017 кај земјоделското осигурување во споредба со 2016 има  пад од 10 отсто. Слабо се продаваат и полисите за осигурување од земјотрес и поплави. Ваквите продукти најчесто се купуваат кога ќе се случи катастрофата и интересот трае два до три месеци потоа.

– Освен дирекната помош од страна на државата, причната за слабата продажба е и во тоа што осигурителните дружтва ги заострија критериумите за склучување на договорите а и цената кај ова осигурување  е зголемена,  рече Климе Поповски директор на агенцијата за супервизија на осигурениците.

Според анализите  свеста кај македонците за потребата од осигурување сеуште е многу ниска. Само пет отсто од домаќинствата се осигурани. Во идина надлежните ќе работат и на поголема едукација на населението.

Минататат година раст е забележан кај здравственото осигурување. Во земјава работата 16 друштва за осигурување. Лани приходите во секторот биле зголемени за 3 проценти.


 

сител

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close