Денеска сум во општина Ресен каде што ќе извршам увид на оштетените насади од природни непогоди.

На средбата со градоначалникот на општина Ресен, Јован Тозиевски бев информиран дека на денешната седница на Советот ќе се донесе одлука каде што ќе се прогласи природна непогода за регионот кој што е погоден. Ќе се формира комисија која ќе врши увид и евиденција на настанатата штета кај сите граѓани кои што ќе пријават. Ќе се донесе и одлука за распишување на Јавен повик за пријавување на штети на земјоделски култури од природна непогода.

Комисијата ќе изврши увид на оштетените посеви и ќе изготви Извештај и истиот ќе го достават до владината Комисија за процена на штети од природни непогоди.

Секој земјоделец на кој што му се оштетени поседите од природни непогоди ќе биде обесштетен.