Агро бизнисВестиТоп вести
Утрото ведро и постудено, во текот на денот сончево
Среда и во четврток ќе преовладува стабилно време со свежи утра. Во петок се очекуваат врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.
Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Среда и во четврток ќе преовладува стабилно време со свежи утра. Во петок се очекуваат врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.





