Вести

9 милиони евра неповратни средства од Германија за водоснабдување

Македонија добива неповратни 9 милиони евра од Германија за подобрување на водоснабдувањето во јужниот регион.

Се работи за два проекти кои ќе се реализираат преку КВФ банката. Првиот проект вреден 4 милиони евра ќе се користи за подобрување на наводнувањето на земјоделските површини по јужниот тек на Вардар.

Вториот прокет вреден 5 милиони евра е наменет за подобрување на водоснадбувањето во општините Гевгелија и Кавадарци.

Во изминатиот период со германска поддршка подобрено е водоснабдувањето за околу 400 000 жители во повеќе општини во земјава.

Двата проекти ќе почнат да се реализираат во првиот квартал од 2018 година.

Поврзани новости

Back to top button