fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Во сообраќајката кај РЕК „Битола“ повреден 71 годишен тракторист од Новаци

Сообраќајна несреќа се случи помеѓу товарно возило „волво“ со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(50) од Кавадарци и трактор со приклучна земјоделска работна машина со битолски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(71) од с.Новаци, битолско.

На 17.05.2024 во 12.16 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Новаци, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(50) од Кавадарци и трактор со приклучна земјоделска работна машина со битолски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(71) од с.Новаци, битолско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот констатирани во Клиничка Болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.

Како што информиравме камион што носел јаглен за РЕК Битола, се судрил со трактор на сообраќајницата која минува низ село Новаци

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close