fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Ќе се одзема приватно земјиште кое не се обработува и ќе им се дава на луѓе што сакаат да го работат, најави Николовски

„Во државата имаме 540 илади хектари земјоделско земјиште од кои моментално не се обработуваат 85 илајди хектари државно земјиште и дополнителни 90 илади хектари приватно земјиште. Ние ги подготвивме и измените на Законот за земјоделско земјиште според кои приватното необработено, или напуштено земјиште, државата во ваква криза ќе може да го дава на користење на оние кои сакаат“, рече министерот за Земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Тој при гостувањето на Сител информира дека од севкупното обработливо земјиште државата располага со 240 илјади хектари, додека останатите околу 360 илјади хектари се во приватна сопственост.

„Сега ќе навлеземе во детални анализи и токму затоа ги подготвивме измените на Законот за земјоделско земјиште, каде велиме дека и приватното или напуштено или необработено земјиште ќе може државата да го дава на користење, а фактот дека 1.500 договори се потпишаа оваа година, говори за заинтересираноста на луѓето и земјоделците во целокупниот сектор, иако овие две години ќе бидат тешки, особено во делот на храната, затоа треба да бидеме целосно подготвени со сите мерки и политики“, порача Николовски.

Тој додаде и дека оние земјоделци кои егзистираат од земјоделство преку програмата за рурален развој ќе може да побараат и дополнителна подддршка.

За оние кои постојано велат „ама ние опстојуваме само од земјоделие“, а субвенции земаат сите, секој може да земе, нив ги издвојуваме во посебна категорија преку програмата за рурален развој, каде велиме: Нема да чекате оглас или повик за трактор, систем за наводнување и друго, туку во 2023 година сите кои се регистрирани по Законот за вршење земјоделска дејност и егзистираат од оваа работа, покрај субвенциите, целокупната подршка, ќе може да аплицираат и за 10.000 евра поддршка од Агенцијата. Со бизнис-план, без да чекаат рокови, отворен јавен повик за цела година било кој ден, кога ќе ја подготват апликацијата за она за што сметаа дека им е потребно дали за преработка, производство, маркетинг и финализирање на производите, и нив со овој модел ги издвојуваме и велиме овие се побитни, бидејќи егзистираат од земјоделството и нив ги сметаме за попривилегирани“, појасни министерот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close