fbpx
Вести

Владата формираше Комитет за земјоделство и безбедност на храна

vlada

Владата донела одлука да формира Комитет за земјоделство и безбедност на храна, а со работата на ова тело ќе раководи премиерот Зоран Заев.

Овој комитет ќе има задача да ја следи реализацијата на мерките и проектите во врска со агросекторот, безбедноста на храната и ветеринарната заштита на животните и да дава насоки и предлози заради подобрување на состојбите во овие области.

Покрај Заев, членови на Комитетот по функција се и вицепремиерот задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори Кочо Анѓушев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, министерот за финансии Драган Тевдовски, Советничката за земјоделство, шумарство и водостопанство на Премиерот, Ленче Николовска и директорите на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов . Исто така член на Комитетот е и  директорот на Државниот земјоделски инспекторат Јане Станковски како и директорите на ЈП Македонски Шуми, ЈП Пасишта и АД Водостопанство и државниот секретар на МЗШВ, Нефрус Челику.


 

бриф.мк

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close