fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Правилен третман на почвата со минерални ѓубрива и користење на сертифицирани семиња соодветни на поднебјето, советуваат агрономите

Есенската сеидба е важен сегмент во поледелското производство на кое е потребно да се обрне доволно внимание. Околу самата подготовка на сеидба на пченица и јачмен покрај обработувањето на површините веднаш после жетвата на ред е финална обработка на самите површини а оние кои што немаат извршено третман на почва  може да го извршат сега, вели Антонио Карамитров  дипломиран земјоделски инженер во Агроуник Македонија.

– Микроорганизмите се заслужни за минерализацијата на органските соединенија, но исто така и за мобилизацијата на малку растворливи неоргански соединенија, што резултира со директно, позитивно влијание врз приносот на култивираните растенија. Третманот на почвата со микробиолошки ѓубрива е начин да се компензира недостатокот на минерални ѓубрива и пестициди. Ова доведува до активирање на одредени микробиолошки процеси, стимулација на раст и развој на растенијата, а со тоа и на приносот и неговиот квалитет, вели Карамитров.

Освен почвата тој укажува и на моментот дека и семињата треба да бидат соодветно третирани.

-За есенската сеидба  многу е битно е да се посеат сорти кои што се соодветни за поднебјето. Конкретно за пченица и јачмен, семињата да бидат исклучиво сортни  со високороден потенцијал кој што ќе може да ги издржи  условите  каде што ќе се одгледуваат. Тие исто така мора да бидат третирани за заштита и за хормони кои поттикнуваат добра  ‘ртливост,  добрата  обработка на почвата е прв предуслов за почетен раст и развој на едно растение, објаснува Антонио.

Покрај за житните култури и во градинарското производство треба да се обрне внимание на почвата и употребата на семињата.

-Самата површина каде ќе биде посеано семето да биде дезинфицирана,  соодветно  обработена за да може да има добар почеток на раст на растението. Ова се однесува и на компостот кој треба да чист  и дезинфициран  и да нема остатоци од плевели, особено во контењерско производство.

Во овој период од годината во овоштарството полека се привршува со берба на јаболка и грозје и  кај нив останува да се изврши една последна заштита со бакарни препарати и тоа  пред опаѓањето на лисјата  со што ќе се спречи ширењето на некои болести за следната сезона од постоење на евентуални резидуи  како последица на некоја болест.

-Полека но сигурно нашите земјоделци стануваат свесни за употребата на здрав саден материјал. Во нашата земја има различна микро клима во различни региони затоа треба да се биде внимателен. Ние стоиме на располагање за секакви совети кои им се потребни на земјоделците и може да се јавуваат на тел. број 078/271 471, посочува Антонио Карамитров.

П.Ј.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close