fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

На Македонецот му требаат два и кусур века за да стане милионер

На просечниот Американец хипотетички може да стане милионер по 21 година работа, на Германецот ќе му требаат речиси 31 година

Даночните пријави што поминаа низ системот на Управата за јавни приходи покажаа дека најмладиот милионер во Македонија во 2021 година имал осум години. На почетокот на 2023 година, на списокот на српскиот магазин „Недељник“ со 100 најбогати луѓе во регионот се најдоа седуммина македонски бизнисмени

На просечниот Македонец ќе му требаат два века и кусур (201 година и 6 месеци) за да стане милионер во евра. Зад нас се Албанците, Турците, Аргентинците, а нешто пред нас Србите и Црногорците и Романците.

Студијата на порталот Пикоди.ком која ја користи просечната плата како „мерна единица“, открива колосални разлики меѓу земјите во светот. Податоците за просечна плата се земени од порталот Нумбео, каде што илјадници корисници од целиот свет доставуваат информации со пополнување месечни прашалници. За споредба, локалните валути се конвертирани во евра по просечниот девизен курс на Гугл Финанце за март 2023 година. Според тоа, излегува дека просечниот Американец хипотетички може да стане милионер по 21 година работа, на Германецот ќе му требаат речиси 31 година, на Полјакот – 83 години. И два живота нема да им бидат доволни на бугарските граѓани – просечната плата кај нашиот источен сосед е таква што мора да се акумулира 114 години за да достигне седумцифрена сума во евра.

https://www.slobodenpecat.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close