fbpx
Вести

Интервју со Хозе Грацијано да Силва Генерален директор, Организација за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО)

Свет без глад: нашитедејствија се наша иднина

15 октомври, 2018 година. Само пред три години, во септември 2015 година, сите земји-членки на Обединетите Нации ја одобрија Агендата за одржлив развој 2030 година. Искоренување на гладот и сите форми на недоволна исхранетост (Цел број 2 заOдржлив развој) беше дефинирано од страна на светските лидери како клучна целна Агенда, и услов за побезбеден, фер и помирен свет.

 

Парадоксално, гладот во глобални рамки порасна одтогаш. Според последните проценки, бројот на недоволно исхранети луѓе во светот се зголемил во 2017 година, веќе трета година по ред. Минатата година 821 милион луѓе страдале од глад (11 проценти од светската популација – што е еден од девет луѓе на планетата), повеќето од нив се фармери и земјоделци кои живеат во сиромашни рурални области на субсахарска Африка и Југоисточна Азија.

 

Сепак, растечката стапка на недоволно исхранети луѓе не е единствениот голем предизвик со кој се соочуваме. Исто така, се зголемија и други форми на недоволна исхранетост. Во 2017 година, најмалку 1,5 милијарди луѓе страдаа од дефицит на микронутриенти кои го поткопуваат нивното здравје и живот, додека 2,6 милијарди луѓе се со прекумерна тежина (30 проценти од светското население), вклучувајќи 672 милиони дебели возрасни лица.

 

Гладот главно е ограничен на специфични области, имено оние кои се погодени од конфликти, суши и екстремна сиромаштија; сепак, дебелината е секаде присутна и брзо се шири насекаде низ светот. Впрочем, сведоци сме на глобализацијата на дебелината. На пример: стапките на дебелина се зголемуваат побрзо во Африка од било кој друг регион – осум од 20-те земји во светот со највисоки стапки на зголемување на дебелината кај возрасните се воАфрика. Дополнително, 38 милиони деца под петгодишна возраст во 2017 година биле со прекумерна телесна тежина. Околу 46 отсто од овие деца живеат во Азија, додека 25 отсто живеат во Африка.

 

Ако не повикаме на итни дејствија да се сопрат зголемените стапки на дебелина, наскоро може да имаме повеќе  дебели од недоволно исхранети луѓе во светот. Зголемената стапка на дебелина носи и огромни социо-економски последици.

Дебелината е фактор на ризик за многу незаразни болести, како што се срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес и некои видови на рак. Проценките покажуваат дека глобалното економско влијание на дебелината изнесува околу 2 трилиони долари годишно (2,8 отсто од глобалниот Бруто домашен производ). Ова е еквивалентно на влијанието на пушењето или вооруженитеконфликти.

 

Оваа година, Светскиот ден на храната (кој се слави на 16-ти октомври) има за цел да ја потсети меѓународната заедница за нејзината основна политичка посветеност кон човештвото – искоренување на сите форми на недоволна исхранетост – и да се подигне свеста дека постигнување на Светот Без Глад (Zero Hunger) до 2030 година (т.е. во претстојниот период од 12 години) е сеуште можно. Искуството на Бразил е добар пример што треба да гоимаме на ум.

 

Според проценките на ФАО, гладот во Бразил е намален од 10,6 проценти од вкупното население (околу 19 милиони луѓе) на почетокот на 2000-тите години на помалкуод 2,5 проценти во периодот 2008-2010 година – што е минималната вредност од која ФАО може да донесе значајни статистички заклучоци. Ова намалување на бројот на недоволно исхранети лица беше главно резултат на цврстата посветеност на поранешниот претседател Лула и спроведувањето на јавните политики и програми за социјална заштита кои се однесуваат на екстремната сиромаштија и влијанието на пролонгираните суши во североисточниот дел на земјата.

 

Всушност, владите имаат најважна улога во постигнувањето на целта Свет Без Глад, обезбедувајќи им на ранливите категории луѓе да имаат доволно приход за да си ја дозволат храната што им е потребна, или средства да произведат храна за себе – дури и во време на конфликт.

 

Сепак, светските лидери треба да имаат на ум дека концептот на Свет Без Глад е поширок и не е ограничен само на борбата против недоволната исхранетост. Таа има за цел да им обезбеди на луѓето потребни хранливи материи за здрав живот. Нулта глад опфаќа искоренување на сите форми на неисхранетост – значи, не е самоисхрана туку и негување на здравјето на луѓето.

 

Тековните глобални системи за храна ја зголемија достапноста на преработената храна со висока енергетска и калорична вредност, богата со масти, шеќер и сол. Системите за храна мора да се трансформираат на начин, така што сите луѓе можат да консумираат здрава и нутритивна храна. Мора да работиме на дебелината како јавен, а не како индивидуален проблем. Ова бара усвојување на мултисекторски пристап кој вклучува не само влади, туку и меѓународни организации, национални институции, граѓански организации, приватниот сектор и граѓаните воопшто.

 

Тоа мора да биде колективен напор кон здрава исхрана, кој вклучува, на пример, создавање на норми како што се етикетирање и забрана на некои штетни состојки, воведување на здрава исхрана во наставните програми, усвојување на методи за намалување на загубите и отпадот од храна, и воспоставување на трговски договори кои не го попречуваат пристапот до локално произведена, свежа и нутритивна храна од семејните земјоделци.

 

“Нашите дејствија се нашата иднина” е пораката на Светскиот ден на храната за 2018 година. Време е да ја засилиме нашата посветеност и, уште поважно, политичката поддршка кон одржлив свет ослободен од глад и сите форми на недоволна исхранетост.

 

 

 

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close