fbpx
ВестиВкусот на традицијатаТоп вести

Со исхрана до поголем имунитет

Есента изобилува со најразлични плодови. Во период на настинки и вируси подобрете си го имунитетот со помош на плодовите кои ги има во изобилие.

Тиквата е нискокалорична  и богата со вода, диетални влакна, витамини (А, Ц), минерали (калциум, калиум, железо), антиоксиданти кои го штитат нашето здравје и треба да ја искористиме сезоната на овој плод. Таа го чува видот, го подобрува расположението, го зајакнува имунитетот (што е особено важно во овој период од годината кога започнуваат вирусите), го штити срцето, го намалува нивото на шеќер во крвта, така што е погодна и за дијабетичарите. Нејзините семки се исто така корисни, полни се со железо и цинк.

Костените е извор на витамин Б6, калиум и фолна киселина. Содржи низок процент на маснотии и содржи само витамин Ц. Бидејќи витаминот Ц, меѓу другото, игра важна улога во функционирањето на имунитетниот систем, костените се идеална, вкусна и хранлива закуска во деновите што веќе стануваат постудени. Не содржи холестерол, глутен и е идеална храна за пациенти со целијакија и анемија. Ја регулира столицата бидејќи изобилува со растителни влакна, го штити кардиоваскуларниот систем и ги зајакнува коските благодарение на  магнезиум, фосфор и бакар.

Цвеклото е богато е со јаглени хидрати, протеини, масти, влакна, витамини Ц, Б1, и Б12. Ги содржи речиси сите минерали. Цвеклото го детоксицира организмот, помага при анемија благодарение на изобилството на железо, бетаин и бетанин придонесуваат да е лековита намирница што има антиканцерогено дејство и го регулира крвниот притисок, го намалува холестеролот, ја стимулира функцијата на црниот дроб, го подобрува имунитетот и го зајакнува организмот.

cabbage

Јадете есенска зелка. Зелката е богата со витамин Ц и глутамин, кои го зајакнуваат имунитетот. Кељот е богат со витамини А, Ц и Е, магнезиум и каротеноиди кои го зајакнуваат имунитетот. Тој ги чисти токсините од телото, што е неопходно за здрав организам. Исто така, помага при ублажување на кивање и кашлање особено кај луѓе кои страдаат од алергии и настинки.

 

Слични написи

Back to top button
Close