Со креирање и рециклирање за намалување на учеството на децата во тутунопроизводството

(Oвој напис е објавен на: March 3, 2017)

so kreiranje i recikliranje za namaluvanje na uchestvoto na decata vo tutunoproizvodstvoto Photo-4-480x640

За најдобрите детски креации од Филип Морис беа обезбедени награди кои вклучуваат книги, енциклопедии, комплети за цртање како и други училишни помагала и опрема.

Учениците од основните училишта во Општина Кривогаштани создадоа единствена и уникатна изложба – креации направени од отпадот од производниот процес на тутунот. За создавање на автентичните уметнички креации се натпреваруваа 530 ученици на возраст до 15 години и беа изработени 82 експонати.
Натпреварот и изложбата се дел од проектот „Механизми за поддршка на производството на тутун со фокус на детскиот труд“, спроведен од Македонскиот центар за меѓународна соработка во соработка со откупните компании Сокотаб, Алианс Оне и Тутунски Комбинат Прилеп, а финансиран од Филип Морис.

Целта на уметничкиот натпревар беше да се разбуди свеста меѓу децата и нивните родители за потребата од рециклирање на отпадот од производството на тутун. Фокусот посебно беше насочен на влијание врз свеста за намалување и елиминирање на учеството на децата во производството на тутун.

Втора година по ред во општина Кривогаштани се одржува настан со цел едукација на тутунопроизводителите за употреба на рециклирани материјали во процесот на производство, и намалување или исклучување на децата во процесот на преработка на тутун. Истовремено нашата мисија е да се заштити животната средина, односно да се прикаже како промената на климата влијае на целокупниот живот на планетата земја, а од друга страна да се прикаже процесот на модернизација на тутунопроизводтсвото, изјави Градоначалникот на Општина Кривогаштани Тони Заткоски
Во натпреварот и креативниот процес децата, учесници во проектот беа мотивирани да користат ПВЦ фолија / најлон, пластика, остатоци од скеле, конец, саргии, заштитни одела, ракавици, картонски кутии и сето она што се користи при производството на тутун. Учествуваа деца на возраст од 6 до 14 години од сите основни училишта од селата во Општина Кривогаштани. Работните групи беа составени од 5 до 10 ученици.
Наградите за најдобрите креации, што беа обезбедени од Филип Морис вклучуваат книги, енциклопедии, комплети за цртање како и други училишни помагала и опрема. Истите беа поделени во три категории по возраст и доделени на трите најдобри експонати. Секој ученикдоби еквивалентна награда.Изложбата на сите 82 експонати е поставена во просториите на основното училиште Манчу Матак во селото Кривогаштани.
Според организаторите и поддржувачите на проектот, преку активностите целта е постигната – привлече големо внимание и желба за учество на што повеќе деца, како и значително зголемена свест посебно кај родителите и кај децата за заштита на животната средина, како и улогата на детето во домот и во училиштето и намалување на ангажманот на детето како работна сила во производството на тутун