fbpx
Агро бизнисВестиВкусот на традицијатаМакедонијаРурален туризам

Тајната на кавадаречката рвенија

Прсти да излижеш од рвенијата на баба Блага.

Прсти да излижеш од рвенијата на баба Блага. Со вакви коментари се пренесува рецептот за подготовка на тиквешки традиционален специјалитет, меѓу жители на Тиквешијата, други делови од државата, па и меѓу странци кои престојуваат во земјава.

Се работи за десерт со кој вообичаено, со години се насладуваат луѓе од сите генерации. Од најмлада возраст, до најдлабока старост. Многумина  кажуваат дека токму од кавадарчанката Блага Јанкова, родум од кавадаречкото село Сопот,  ги научиле рецептот и тајната за правење на мераклиска рвенија. На фотографиите, го приготвува токму овој тиквешки мајсторлук.

Таа веќе не е меѓу нас, но тие што го имаа задоволството да ја запознаат, кажуваат дека останува нејзината формула за вкусна и сочна рвенија, која ги дразни сите сетила. Уживање додека се гледа, мирис на Тиквешијата кој опива, вкус на нешто што со зборови не може докрај да се опише, ами треба само да се доживее.

Се работи за десерт со кој вообичаено, со години се насладуваат луѓе од сите генерации. Од најмлада возраст, до најдлабока старост. Многумина  кажуваат дека токму од кавадарчанката Блага Јанкова, родум од кавадаречкото село Сопот,  го научиле рецептот и тајната за правење на мераклиска рвенија.

На фотографиите, го приготвува токму овој тиквешки мајсторлук. Таа веќе не е меѓу нас, но тие што го имаа задоволството да ја запознаат, кажуваат дека останува нејзината формула за вкусна и сочна рвенија, која ги дразни сите сетила. Уживање додека се гледа, мирис на Тиквешијата кој опива, вкус на нешто што со зборови не може докрај да се опише, ами треба само да се доживее.

Сиромашните немале шеќер, но имале грозје 

Задоволство беше да се слуша како раскажува баба Блага, велат  оние кои барем еднаш разврзале муабет со неа.

-Тие што подолго и подобро  ја знаеја, знаат да кажат дека иако крстена како Блага, таа, покрај  тоа што беше врвен мајстор за благи работи во кујната, подеднакво добро приготвуваше и други извонредни специјалитети со солен, кисел, лут вкус. И секогаш знаеше да каже дека најважно е да се готви со љубов, оти љубовта во кујната е најважниот зачин, рекоа за МИА оние, кои го имале задоволството да уживаат во готвењето од нејзините вредни раце.

Во оваа прилика, ги пренесуваме нејзините раскажувања околу рвенијата.

-Во минатото, посиромашните луѓе на овие простори немале можност да купат шеќер, или барем не во доволни количини. А нивните деца постојано гледале како се засладуваат побогатите врсници. За среќа, овој крај отсекогаш бил богат со многу лозја и грозје. Така, во некое од посиромашните семејства дошле на идеја да го сомелат грозјето, да извадат од благата шира со природен шеќер, да ја варат додека се згусти. Така настанал маџунот, традиционалниот производ од грозје за кој се верува дека има лековити својства. Ете баш со него решиле да замесат нешто во кујната, да заблажат душа. Немало во минатото ванилин шеќер или прашок за пециво, па за да се накрене благата закуска, се досетиле па едноставно ставиле лажичка сода бикарбона. Ја испекле новата мајсторија, ја исекле на парчиња, со кои подоцна се фалеле децата низ селото. Подоцна и го дале името рвенија, а таа веднаш го привлекла вниманието и на поимотните, се пренесуваат зборовите на Јанкова, вредна домаќинка и член  во здружение на жени кои ја негуваат традицијата.

Живееше во строгиот центар на градот и важеше за чаршијар човек, гостопримлива домаќинка за секој добронамерник.

Магијата на Тиквешијата 

Баба Блага Јанкова секогаш со широко срце ги споделуваше тајните за вештини во кујната, велат тие што ја познаваа.  Имаше 79 години кога кажуваше дека маџун и рвенија правеле нејзините блиски уште кога била дете. Кога пораснала, нејзината фамилијарна трпеза не можела да се замисли без тие два специјалитета.

-Од 40 до 50 литри шира, се добива најмногу осум до девет литри маџун, зависи од природната шеќерност на гроздовите зрна.  За рвенијата што во денешни услови најчесто се приготвува,  потребно е  по една шоља маџун, шеќер, зејтин, две шољи кисела вода, а четири полни со брашно. Се додава прашок за пециво, ванилин шеќер и лажичка сода бикарбона. Сето тоа убаво се меша и одозгора се наросува со сусам. Се пече 40 до 50 минути, на температура од 180 до 200 степени, споделуваше таа, нагласувајќи дека сепак се залага за рвенија без модерни додатоци, во нејзината изворна форма од времето на нејзините баба и дедо, нешто што се пренесувало како аманет од генерација на генерација во семејството.

Своите рецепти за здрава храна, таа  ги остави во наследство на нејзината ќерка Виолета, инаку директор на Фондацијата ,,Тиквешки вински пат”, која со години се залага за промоција на Тиквешкиот регион.

-Сите посетители се воодушевуваат од магијата на традиционалните тиквешки специјалитети, особено странците. Тие специјалитети  се наше непроценливо богатство кое треба да се зачува за идните генерации. Тие се исто така богат економски потенцијал, за МИА нагласи Јанкова помладата.

„Жално е што баба Блага си замина, а имаше уште многу работи да научиме од неа“, се согласуваат тие што ја познаваа. Ако  е за утеха, нагласуваат, тука е Вики. На неа, беше горда уште додека беше жива.

https://nezavisen.mk/tajnata-na-kavadarechkata-rvenija/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close