fbpx
Вести

Казни за откупни пунктови за непочитување на неделни откупни цени

Во општина Василево, инспектори на државниот инспекторат за земјоделие, на терен ги контролираа неделните откупни цени на градинарските производи во откупните пунктови.

kazni za otkupni punktovi za nepochituvanje na nedelni otkupni ceni

 

Констатирани се неправилности, во истакнувањето и почитувањето на неделните откупни цени кај три откупни пункови, на кои најверојатно ќе им бидат изречени соодветни казни.

– Казната за отстапување од неделната цена, беше од 6 000 до 8 000 евра, во зависност од големината на компанијата и дополнително плус 30 % за одговорното лице, односно правното лице или компанијата. Значи, зборуваме за сериозна отстапка од законот што треба да се санкционира – рече Цветан Трипуновски, директор на Земјоделскиот инспекторат.

Земјоделците велат дека има отстапување од неделната договорена цена за откуп на градинарски производи кај откупувачите, нешто што произлезе по нивниот масовен протест со трактори, во центарот на Струмица.

Тие велат дека се случувало, цените да се намалуваат за неколку денари, па дури и половина пред да истекот на рокот. Така, црвената пиперка „куртовска капија“ се откупува за прва екстра класа по 23 денари за килограм, прва класа по 16 денари и втора класа по 8 денари, во неколку откупни пунктови.

– Ние сме цело лето во контакт со претставници од Министерството за земјоделство и ги известуваме за одредени аномалии што се појавуваат во општина Струмица. Од тука, и денеска заедно на терен увидовме, а и од информации од наши членови, дека паѓаат цените на градинарските култури и ние сакаме преку институциите во државата да ги решаваме овие проблеми“ – рече Васе Митев од здружението „Градинар“ од Василево.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close