Агро бизнисВестиМакедонија
Тече рокот за поднесување на барања за субвенции од програмата на Директни плаќања за 2021 година
П О Т С Е Т У В А Њ Е од МЗШВ Битола
Остануваат уште 20 (дваесет) дена до крајниот рок за поднесување на барања за субвенции од програмата на Директни плаќања за 2021 година.
Сите земјоделци кои немаат аплицирано имаат можност да се обратат до подрачната единица на МЗШВ во Битола и во дисперзираните канцеларии во општините Новаци и Могила.
Оние земјоделци кои барањата ги поднесуваат по електронски пат од дома но им е потреба помош можат да се јават на телефонскиот број 047 / 237 – 419