![](https://zelenaberza.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/ivk_0521_800x534-780x470.jpg)
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Умерено облачно со температури до 16 степени
Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Времето претпладне ќе биде умерено до значително облачно, по одделни котлини со појава на магла. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, а преку денот умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 13 степени.
Во следните денови ќе се задржи стабилно време, претпладне по котлините со појава на магла и значителна ниска облачност. Само во четврток во западните делови ќе има услови за локален дожд.