fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Тегла мед над 800 денари, пчеларите велат не е скапо

За една тегла мед треба да платите од 600 денари до 1 200 денари, доколку сакате истиот да биде природен и квалитетен. Зависно од кој регион го купувате, цената е различна.

За една тегла мед треба да платите од 600 денари до 1 200 денари, доколку сакате истиот да биде природен и квалитетен. Зависно од кој регион го купувате, цената е различна.

Пчеларите велат дека иако има покачување, во споредба со другите прехранбени производи, цената е солидна, затоа што медот се користи во помали количини. Поскапувањето на пчелните производи се должи на растот на трошоците во пчеларството.

ЕДНА ТЕГЛА МЕД, КАКО ШТО ГЛЕДАМ И КАЈ МЕНЕ И КАЈ ДРУГИТЕ КОЛЕГИ ИЗНЕСУВА ОД 800 ДО 900 ДЕНАРИ, КОЈА ШТО ЦЕНА Е СОЛИДНА ЗА ОВИЕ ПОСКАПУВАЊА КОИ СЕ МОМЕНТАЛНО. ЗАШТО ЕДНА ТЕГЛА МЕД ДО ДВЕ ТЕГЛИ МЕСЕЧНО ДА ГИ КОНЗУМИРА ЕДНО 4 ИЛИ 5 ЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО, ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛ МЕСЕЦ МОЖЕ ДА ПОМИНЕ, ЗА СЕКОЈДНЕВНО ДА СИ КОРИСТИ ВО ОБРОК, ВО ЧАЈ, ВО МЛЕКО ЗА ДЕЦАТА НАУТРО, ВЕЛИ ПЧЕЛАРОТ ВЛАДИМИР АНТОВСКИ.

Од Здружението на пчелари „Полошки мед“ велат дека растот на трошоците ги принуди голем дел од лицата кои произведуваат мед и пчелни производи да го намалат или преполоват производство.https://telma.com.mk

НЕ ДА СЕ ОТКАЖАТ АМА ЗНАЧИТЕЛНО ГИ НАМАЛУВААТ. ОД ПЧЕЛАРИ КОИ СЕ ПРОФЕСИОНАЛНИ КОИШТО РАБОТАТ СО 400-500 ДРУШТВА, ИДАТ ДА ГИ НАМАЛАТ, ОДНОСНО ПРЕПОЛОВАТ ЗА ДА МОЖАТ ДА ГИ ОПСЛУЖАТ ДА БИДАТ ПОРЕНТАБИЛНИ, ЗНАЧИ РЕАЛНО ВООПШТО ВО ЦЕЛАТА ДРЖАВА СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ТРОШОЦИТЕ, ТАКА И КАЈ НАС ПЧЕЛАРИТЕ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ СИТЕ ТРОШОЦИ, ВЕЛИ ВЛАДИМИР ПЕТРОВСКИ ОД ЗДРУЖЕНИЕ „ПОЛОШКИ МЕД“.

Со цел промоција на на природниот и квалитетен мед денес во Тетово се одржа Саем на мед и пчеларска опрема „Слатки денови во Тетово“ на кој беа доделени и наградите на неодманешниот Меѓународен фестивал на медот.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close