fbpx
ВестиСовети

ТЕХНОЛОГИЈА НА ПОДГОТОВКА НА СИЛАЖА

silaza

ОСНОВНИ НАПАТСТВИЈА ЗА ФАРМЕРИ –

 

  1. Агрохемиска анализа на почва,
  2. Избор на хибриди,
  3. Правилна обработка на земјата,
  4. Длабина на сеидба,
  5. Време на сеидба,
  6. Основно ѓубрење,
  7. Заштита на посевот,
  8. Наводнување на посевот,
  9. Нега на посевот,
  10. Прихранување на посевот,
  11. Принос по ха.

 

  1. Агрохемиска анализа на почвата

Потребно е да се препорача обавезно изведување на агрохемиска анализа на почвата.

  1. Избор на хибриди
  • Хибриди со броевите 400 – 700 (со различни должини на вегетација)
  • Да се запази рокот на употреба.
  1. Правилна обработка на земјата-избор на механизација
  • Избор на механизација
  • Одредување на сите потребни работни операции.
  1. Длабина на сеидба-избор на механизација,
  • Определување на типот на механизацијата
  • Одредување на работните операции
  • Длабочина на орање (од 6-9 см)
  • Меѓуредово растојание 60-80 см
  • Растојание во редот (15-20 см)
  • Примена на доволна количина на семе. Обично се користи 25 кг/ха.
  • Густината на сеидбата треба да е 60-80.000 растенија/ха.
  1. Време на сеидба

Време на сеидба: Април до Јуни. Kултурата може да се сее како прва или како втора култура.

  1. Основно ѓубрење
  • При основна обработка, односно при сеењето

НПК 200-350 кг/ха

  • 10-30 тона арско ѓубре

Претходно треба да се изврши:

  • Земање на почва за анализа,
  • Одредување на типови ѓубре,
  • Идентификување на недостатокот на елементите
  • Одредување на времето на ѓубрење
  • Одредување на методот на апликација
  1. Заштита на посевот
  • Заштита-за време на сеидба и по потреба во фаза 4-6 листа
  • Против плевели
  • Одредување на типот на плевелите
  • Одредување на дозата на препаратот, начинот и времето на примена на препаратот.

Заштита на посевот

  • Против штетници/болести
  • Одредување на типот на штетниците/болестите
  • Одредување на дозата на препаратот, начинот и времето на примена на препаратот.
  1. Наводнување на посевот
  • Наводнување со бразди или
  • со вештачки дожд.
  • Избор на механизација и опрема
  1. Нега на посевот
  • Култивирање
  • Грлење
  1. Прихранување на посевот
  • Прихрана:
  • Тарана 200-350 кг/ха, или 100-130 кг уреа,
  • Потребно е најмалку едно прихранување, а може и две и тоа:
  • Првото на 2-4 листа
  • Второто на 4-8 листа.
  1. Принос на посевот
  • 40-70 тона

 

ПОДГОТВУВАЊЕ НА СИЛАЖАТА

 

  1. Објекти за силирање,
  2. Косење, време на силирање и сецкање,
  3. Транспорт, Растурање и газење,
  4. Користење на конзерванси-инокуланти,
  5. Покривање,
  6. Оценка на квалитетот,

 

  1. Објекти за силирање
  • Избор на локација на силоси,
  • Избор на тип на силоси:
  • Сило јами-ровови – вкопани
  • Сило кули – надземни
  • Хоризонтални силоси
  • сило траншеи-надземни со дрвени или бетонски ѕидови
  1. а. Косење, време на силирање и сецкање
  • Одредување на фазата на вегетација-зрелоста
  • Избор на тип на механизација,
  • Одредување на времето на косење,
  • Одредување на процентот на влага.
  1. б. Косење, време на силирање и сецкање

Подготовка на квалитетно косење:

  • Оштрење на ножевите на хедерот
  • Регулирање на висината на хедерот
  • Избор на соодветен тип на силокомбајн (еднореден, двореден, трореден).

Сецкање:

  • Должината на исечените парчиња треба да е од 6 – 20 мм, во зависност од влажноста на силажата.
  • Секое зрно од пченката да е сомелено, или барем оштетено – отворено.
  1. Транспорт, Растурање и газење

Транспорт

  • Со камионски и тракторски приколици,
  • Страниците да се прилагодени  за да нема растур на масата,
  • Брза и целосна синхронизација  при утовар и

растовар

Полнење и растурање

  • Пожелно е да е со помош на механизација,
  • Да е брзо и синхронизирано
  • Треба да се полни  слој  по слој од 20 – 30см. И цело време да се нагазува,

Газење

  • Со трактори-гумаши
  • Добро набивање на масата и истиснување на воздухот
  • Пожелно е завршување на газењето во еден ден. Во случај да треба и утредента да се продолжи со полнење, тогаш најдобро е да се испрска површинскиот слој со органска киселина-по можност пропионска киселина.
  1. а. Користење на конзерванси-инокуланти
  • Конзервирачките додатоци може да се поделат во четири категории:
  • Стимулативни додатоци (се додаваат кај крми  сиромашни со шеќер-луцерка),
  • Подкиселувачки додатоци (кај мешункасти и житни култури),
  • Инхибиторни додатоци (кај тешко силирачки крми) и
  • Комбинирани додатоци (подкиселување и инхибирање
  1. б. Користење на конзерванси-инокуланти

Најважно при користењето на инокулантите е:

  • Одредување на типот на инокулантите,
  • Одредување на потребната количина инокуланти,
  • Идентификување на потребната опрема за распрскување на растворот од инокулантите
  1. Покривање
  • Со пластична-полиетиленска фолија  – дебелина  > од 0,12 мм
  • Со земја  5 – 10 см над фолијата
  • Полиетиленската фолија да ги покрие страничните ѕидови
  • Поставување на  материјал кој постојано ќе притиска гуми, земја, бетонски блокови, камења и др.)
  • поставување на пластична фолија покрај рабовите на празната траншеа;
  • завивање на краиштата на фолијата врз силажата;
  • поставување на горен слој на фолија;
  • завршно покривање на трапот-ровот со 5-7 см на земја над фолијата.
  1. Оценка на квалитетот на ферментацијата
  • Киселоста (pH)-со индикатор хартија во течниот исцедок од силажата, или со притискање на хартијата помеѓу силажата, ако влажноста е над 67%.
  • Мирисот – благо киселкаст. Лош знак е трајната миризба, која останува и после миење на рацето од фаќањето на силажата, што е знак за бутерна ферментација.
  • Бојата – зеленкаста до жолтеникава-кафена.
  • Структура – да е растресита, без појава на лигавост

Загуби при силирање

  • Загубите со соковите, кои истекуваат од сило објектите, зависат од влажноста на суровината, од височината, од големината на сецкањето и др. При смалување на влажноста, овие загуби можат да се сведат на нула. Ова се постигнува и со додавање на суви кабасти крми (сомелена слама, пченкарен кочан, и др.).
  • Загубите при дишење и ферментација се должат на создавање на јаглерод дваоксид и одделување на топлина. Ова се продукти кои настануваат при микробиолошката активност во внатрешноста на суровината. Обично, загубите при добро припремена силажа се движат од 3 до 9%.
  • Површинските загуби варираат од 0 до 25%, па и повеќе, во зависност од покривањето и влажноста на суровината.

 

КОРИСТЕЊЕ НА СИЛАЖАТА

 

Поважни постапки при користењето на силажата се:

1) Вадење на силажата,

2) Заштита од прерано расипување,

3) Користење на силажата.

 

1) Вадење на силажата

Може да се смета дека силажата е зрела-ферментирана после најмалку 35-40 дена

  • Вадење на силажата од траншеи и од други хоризонтални објекти. Најдобро е со фрези-утоварувачи, прикачени за трактори. На овој начин се намалува секојдневно одсецканиот слој до 5 см преку зимата и до 10 см преку летото. Може и со липкери, багери и др.
  • Силажата од сите сило објекти, вклучително и кулите, може да се вади рачно при одгледување на мал број на животни.

2) Заштита од прерано расипување.

Најдобра заштита е прскање на местото од каде е земена силажата со растовор од органска киселина.

Најефикасна е пропионската киселина

3) Користење на силажата.

  • Потребно е најмалку 1-3 пати годишно проверка на квалитетот на силажата, со помош на хемиска анализа.
  • Пченкарната силажа се одликува со висока и релативно мало варирање во енергетската вредност, што ја става во средина помеѓу концентрираните и грубите крми.
  • Пред зимниот период обично се комбинира со луцеркина сенажа или со луцеркини сено, а преку летото со зелена луцерка.
  • Целогодишното хранење на животните со пченкарната силажа има редица предимства, меѓу кои максималното искористување на пченката кај нас, избегнување на големи промени во дажбите, намален расход на концентрирана крма поради високата концентрација на енергија во силажата и др.
  • Еден од најефтините системи за гоење на говедата нас може да се базира на пченкарната силажа. Добро квалитетната и ситно исецкана силажа може да се дава по желба, заедно со 1.5-2 кг протеински концентрат, независно од возраста на животните.

 

Ориентационо, силажата би требало да се  користи во следните количини:

  • За крави                               7 – 25 кг. / дневно
  • За гоење на јунуња                       3 кг – по желба кг
  • За коњи                                 3 – 6 кг. / дневно
  • За овци                                 1 – 5 кг. / дневно
  • За кози                                  1 – 4 кг /дневно

 

 

ПРИМЕР-ОБРОЦИ ЗА МЛЕЧНИ КРАВИ со 550 кг ж.м.

 

  1. Луцеркино сено, добар квалитет 7 кг

Пченкарна силажа 65-70% влага-     17 кг

0,5 кг концентрат со 18% протеини за секој кг млеко над 8 кг на ден

 

  1. Луцеркино сено, просечен квалитет 2 кг

Сено од грашок                                       3 кг

Ливадско сено                                        1.5 кг

Пченкарна силажа, 65-70% влага      16 кг

Јачмен, сомелен                                     0.5 кг

0,5 кг концентрат со 24% протеини за секој кг млеко над 7 кг на ден

 

  1. Луцеркино сено, просечен квалитет 2 кг

Ливадско сено                                        4 кг

Пченкарна силажа, 65-70% влага      12 кг

Маслодајна репка, свежа                     15 кг

0,5 кг концентрат со 22% протеини за секој кг млеко над 9 кг на ден.

 

Петар Трајковски, Советник во АПРЗ

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close