fbpx
Вести

Телефонски разговор Николовски – Љајиќ, разговорите продолжуваат

brasno

Како што информираат од Министерството за змејоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), се разгледуваат сите опции за надминување на состојбата.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски утрово телефонски разговарал со српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ околу проблемот со брашното.

Како што информираат за МИА од Министерството за змејоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), се разгледуваат сите опции за надминување на состојбата.

Детали ќе бидат соопштени подоцна, зашто е предвидено Николовски во текот на денов уште еднаш да се слушне со Љајиќ.

Министерот Николовски во саботата соопшти дека е договорено да се формира комитет меѓу двете страни кој ќе ги отвори сите можни парашања, а првата седница е закажана овој месец во Ниш. На 7-ми февруари, пак, за брашното се очекува да стане збор и на првата седница на Комитетот за земјоделство и безбедност на храна на Владата на РМ што го води премиерот Зоран Заев.

Проблемот со увозот на српското брашно настана откако Македонија, на 8 февруари годинава, ги воведе измените на постојниот Правилник. Со измените се налага брашното да се обележува со маркички по неговото дистрибуирање и целосна контрола во земјава, а не уште пред да стигне во Македонија, од страна на извозниците.

Србија реагираше зашто смета дека Македонија воведува бариери, што од македонска страна се негира и се напоменува дека условите за увоз и досега беа исти, само е сменет нивниот редослед и мора да се почитуваат.

Николовски и Љајиќ минатата недела беа во постојана комуникација, а во петокот требаше да имаат и состанок во Скопје. Но, средбата беше откажана од српска страна зашто, како што изјави Љајиќ, „со Николовски не постигнале согласност околу повлекувањето на спорниот Правилник со кој на српските мелничари им е отежнат извозот на пазарот во Македонија“.


 

плусинфо

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close