
Агро бизнисВестиТоп вести
Земјоделци аплицирајте за набавка на трактори, приклучни машини и опрема за растително и сточарско производство
Право на аплицирање имаат: Физички и правни лица кои се регистрирани земјоделци или земјоделски стопанства.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави три повици за финансиска поддршка во рамки на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – Мерка 121 – „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“.
Целта на повикот е: Поддршка на инвестиции за зголемување на конкурентноста на земјоделските стопанства преку модернизација, подобрување на условите за животни, заштита на животната средина и енергетска ефикасност.
Отворени се следните категории на инвестиции:
- Набавка на приклучна механизација и опрема
- Трактори, приклучни машини и опрема за растително и сточарско производство.
- Финансиска поддршка до 75% од вкупната инвестиција.
- Инвестиции за изградба/реконструкција на бунари и системи за заштита
- Поддршка за сопствени системи за водоснабдување и заштита на растенијата.
- Максимално дозволени трошоци по активност согласно правилникот.
- Преработка и маркетинг на фарма
- Набавка на опрема, унапредување на хигиенски и технички стандарди.
Основни информации:
- Начин на аплицирање: Електронски преку e-baranie.ipardpa.gov.mk
- Право на аплицирање имаат: Физички и правни лица кои се регистрирани земјоделци или земјоделски стопанства.
За повеќе информации, деталните упатства за секоја инвестиција може да ги преземете овде:
- Упатство за приклучна механизација и опрема
- Упатство за бунари и заштита
- Упатство за преработка и реконструкција на фарма