Температурите паднаа под нулата: во Берово утрово минус 2 степена
Температурите во земјава утрово се спуштија под нулата, а најстудено било во Берово, каде се измерени -1,9 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Температурите во земјава утрово се спуштија под нулата, а најстудено било во Берово, каде се измерени -1,9 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Според податоците од мерните станици на УХМР, во 8 часот во Берово биле измерени -1,9 степени, на Попова Шапка 0 степени, а во Битола 2 степени.
Најтопло било во Гевгелија, каде утрово температурата се спуштила до 11,5 степени.
Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, но стабилниот период ќе биде краткотраен. Од утре под влијание на циклонска активност се очекува значително влошување на времето. Ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе продолжат во текот на ноќта и во сабота претпладне, а наместа врнежите ќе бидат пообилни и ќе надминат 30 литри на квадратен метар. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.
Вчера падна и првиот снег на Пелистер, а снежната покривка се задржа на повисоките делови од планината поради ниските температури и студениот северен ветер.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на циклонска активност во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.





