Македонската винарница “Езимит”, која годинава одбележува 25 години од постоењето, од неодамна на пазарот пласираше ново вино “Тера македоника”. Винарницата е еден од најголемите извозници на вино во Македонија, што го прави брендот препознатлив во светот.
“Резултатите, сами по себе, носат и обврска за нивно одржување и надминување. Во претходните 25 години бевме посветени на создавање високи вредности по светски критериуми, а во голема конкурентна средина предизвик е да се одржи квалитетот по кој не препознаваат изјави првиот човек на компанијата Зоранчо Митровски и додаде “остануваме верни на квалитетот и курсот за инвестиции и развој. За добрите резултати на работењето на „Езимит“ се заслужни сите вклучени во процесите на работење, од вработените до деловните партнери.”
Винарницата „Езимит“ користи врвна технологија во производството. Од мала семејна компанија, основана во 1991 година, денеска обединува повеќе компании од областа на земјоделството, преработка, финансии, градежништво и инвестиции. Според раководството, јубилејните 25 години успешно дејствување се засновани на квалитетна стратегија, јасна визија, на навремени решенија врз основа на следење на потребите на пазарот.