Се повеќе земјоделци користат Тераграмин за производство на расад!
Искуството од првата половина на годината ни покажа дека при производството на расад на најразлични култури (тутун, пиперка, зелка, домати, краставици и друго) земјоделците од сите региони во државата започнуваат да го користат Тераграмин и тој станува дел од нивната земјоделска пракса. Ние сме постојано на терен со нашите кампањи и резултатите од соработката со земјоделците ни даваат мотив да продолжиме и понатаму да работиме на нивна едукацијата за правилна примена на производот.
Земјоделците во Македонија најчесто производството на расад го реализираат на традиционален начин – во леи, а помал дел во контејнери. Леите вообичаено се со површина од 10 м2.
Процедурата за подготовка на леата е следна: почвата најпрво механички добро се обработува со орање или фрезирање, потоа се нанесува ѓубривото и подобрувачот на почва Тераграмин во количина од 1 кг на м2 (за леа од 10 м2/1 вреќа Тераграмин од 10 кг), рамномерно се распоредува на површината на почвата и потоа се замешува добро. Битно е земјоделците да знаат дека Тераграмин дејствува физички на подобрување на структурата на почвата и тој станува нејзин составен дел. Кај вака подготвената леа ефектот е подобро и побрзо прортување на семето и рамномерен развој на расадот. Со додавањето на Тераграмин се регулира водно-воздушниот и топлотниот режим. Почвата има подобрена аерација, подобра атсорпција на влага и со тоа се редуцира наводнувањето. Расадот е свеж, има убава зелена боја и здрав изглед. Во меката и ровка почва кореновиот систем се развива полесно и вака произведениот расад, претставува добра основа за понатамошното производство.
Во месец август во нашата држава актуелно е производството на расад за кромид и лук, особено во јужните краишта. Минатата година во селото Давидово за првпат на леа за производство на расад за кромид беше употребен Тераграмин. Ефектите беа одлични! Изминатиов период со употреба на Тераграмин се произведуваше расад за тутун во 30-тина села во Пелагонискиот регион. Во летниот период Тераграмин исто така најде примена во расадопроизводство на доцна зелка во Гевгелиско-валандовскиот регион.
Ги повикуваме сите земјоделци, кои произведуваат расад да користат Тераграмин во својата пракса, за да можат да ги увидат придобивките од неговата употреба. За секој корисник на производот следуваат бесплатни стручни совети од Агроном!