fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Тераграмин во вредните раце на производителите на цвеќе!

Летото е период кога природата го достигнува својот максимум и ги презентира своите најубави бои! А вредните производители на цвеќе ни ја носат таа убавина во нашите домови и дворови!

Поради тоа овој пат поголемо внимание одвојуваме за цвеќарството како еден од сегментите, во кои што го нудиме својот производ Тераграмин, затоа што на многу луѓе тоа им е животна определба и тие професионално му пристапуваат на одгледувањето цвеќе со користење на производи како Тераграмин за постигнување подобар ефект и поквалитетно производство.

Во овој период во фаза на реализација е Проект со наслов “Засади цвеќе со Тераграмин!”претходно промовиран во Зелена Берза. Во овој проект учество можат да земат производители на цвеќе од целата територија на државата, на кои ќе им биде овозможено да експериментираат со производот во соработка со наши стручни лица Агрономи. До сега во проектот се вклучени: Расадник за цвеќе Марија Блумен од Струмица, Идеа Гарден Центар од Богданци, Расадник 4 Сезони од Велес, Туја Гарден Центар од Скопје и многу други. Има простор за пријавување на други заинтересирани. Во оваа прилика презентираме примери од Расадници кои веќе неколку години имаат искуство со употребата на Тераграмин.

Расадникот за цвеќе Оливер во с.Моин – Гевгелија, веќе трета година во своето производство употребува Тераграмин при подготовката на смеската од тресет за сеење на различни видови цвеќиња. Од досегашното искуство сопственикот е презадоволен од ефектите на Тераграмин-от кои се манифестираат со: подолго задржување на влагата, со што се намалува употребата на водата за полевање, не доаѓа до пресушување на субстратот, растенијата не се подложни на стресови од високите температури.

 

Препораката на Расадникот Оливер е Тераграмин-от да се користи во поголеми концентрации во летниот период, бидејќи растенијата полесно ги примаат хранливите елементи и не доаѓа до појава на хлороза. Кореновиот систем е поразвиен поради растреситоста и аерацијата на субстратот. Тие го препорачуваат Тераграмин-от до сите производители на цвеќе во Македонија за употреба како во пролетното, така и во есенското производство на цвеќе. Сопственикот како порака до другите производители ни го кажа следното: “Да имаш пријател во животот е добра работа, наш пријател во Расадникот Оливер од с. Моин, Гевгелија е Тераграмин. Во производството на саксиско цвеќе наоѓа примена неколку години, го користиме во производството на хризантема, љубичица, каранфил, трендафил и кај други видови на цвеќе. Ние го користиме, користете го и Вие, резултатите се видливи!

Расадникот за цвеќе ХОРТИ РИСТОВИ во с. Црнилиште Свети Николе, веќе две години во своето производство го употребува подобрувачот на почва Тераграмин. Тераграмин-от е најупотребуван во производството на хризантеми, примули и љубичици, каде се постигнати одлични резултати: подобро развиен коренов систем, подобар развој на растенијата и на цветовите, намалување на потребите за наводнување, полевањето се врши на 4-5 дена, додека порано полевањето се вршело на 2-3 дена. Употребата на Тераграмин најдобро се покажала во летните месеци, поради задржувањето на влагата, така што во овој период цвеќињата се во свежа состојба и лесно се справуваат со високите температури. Сопственикот на Расадникот препорачува на другите производители на цвеќе во Македонија да го користат Тераграмин-от во нивниото производство. Како што ни кажа тој: “производот не е скап и не претставува голема инвестиција во производството, напротив оваа инвестиција во Тераграмин се враќа во квалитетни и добро развиени цвеќиња”. Следете го нивниот пример!

Тераграмин

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close