fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Тетовски вестерн: Со кражба на добиток наплаќал долг

Кражбата како во вестерн филмовите се случила поради долг во пари, па доверителот не можел да го чека 48-годишниот должник и отишол и му ги испразнил шталата и трлото во населбата Вонвардарска на периферија на Тетово.

41-годишен жител на тетовско Селце-Кеч е уапсен поради кражба на добиток од жител на Мала Речица.

Крадецот на добиток е фатен на 17 август, а украдените околу 20 крави и над 100 овци (вредност од околу 40 илјади евра) се вратени на сопственикот.

Кражбата како во вестерн филмовите се случила поради долг во пари, па доверителот не можел да го чека 48-годишниот должник и отишол и му ги испразнил шталата и трлото во населбата Вонвардарска на периферија на Тетово.

СВР Тетово соопшти дека кражбата се случила „поради претходни нерасчистени должничко-доверитeлски односи“ и на крадецот „ќе му биде изготвен соодветен поднесок.“https://telma.com.mk/2022/08/18/tetovski-vestern-so-krazhba-na-dobitok-naplakjal-dolg/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close