fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Тиквеш ќе привлекува туристи преку автентични поизолирани сместувачки капацитети, добра храна и вино

Потпроект е со вкупна вредност од 315 илјади евра од кои 148 илјади евра се финансирани од Проектот за локална и регионална конкурентност, а останатите средства ги обезбедува ,,Тиквеш”.

Потпроектот „Развојот на ено-гастрономскиот туризам во Тиквешкиот регион“ на Тиквеш вински туризам е еден од вкупно 58 потпроекти, кои во изминатите четири години се реализираат со поддршка од ЕУ и со средства од Владата. Овие проекти имаат за цел да ги откријат убавините на нашата земја, кои ги има многу, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на промоцијата на потпроектот чија цел е да понуди сместување во автентични, алтернативни поизолирани сместувачки капацитети во комбинација со добра храна и вино.

Потпроект е со вкупна вредност од 315 илјади евра од кои 148 илјади евра се финансирани од Проектот за локална и регионална конкурентност, а останатите средства ги обезбедува ,,Тиквеш”. Со овие средства поддржано е отворање на вински бутик во кругот на винаријата во Кавадарци, но и изградба и модернизација на сместувачки капацитети во Барово и Лепово, како и трасирање на три нови велосипедски патеки.

-Економскиот развој кон кој се стремиме започнува на локално ниво. Затоа Владата секогаш ќе биде поддржувач на вакви иницијативи, кои овозможуваат искористување на огромниот потенцијал што го има нашата земја за создавање конкурентни производи и услуги, привлекување на што поголем број туристи и промовирање на земјата како атрактивна туристичка дестинација, рече Битиќи.
Нагласи дека земајва има што да понуди кога станува збор за туризмот.

Проектите како овој, додаде, се важни за поттикнување на туризмот.

-Одлично е кога сакаш и имаш каде да одиш и дома, дециден беше тој, поздравувајќи ја оваа идеја и иницијатива.

Евроамбасадорот Дејвид Гир посочи дека проектот им помага на винариите да го совладаат производството на квалитетни продукти и да му помогнат на регионот да развие одржлив туризам што ќе  ја сочува животната средина.

-Со виното кое се произведува во овој регион, со пејзажите, историските локации и со традицијата се чини дека Тиквешкиот регион ги исполнува сите услови за совршена туристичка дестинација. Потребна е само уште една дополнителна експертиза и малку помош околу подготовката на стратегија, а токму тоа е она што овој проект се обидува да го обезбеди, рече Гир.

иректорката на Проектот за локална и регионална конкурентност Антонија Шишек потенцира дека креативните идеи на корисниците на  нивните грантови успеале да ги преточат во успешни проекти кои придонесуваат кон подобрување на постојната инфраструктура и развој на нови производи преку создавање на нови сместувачки капацитети, содржини и активности за различни типови на туристи.

-Ова е еден вид на визионерски проект кој вклучува многу дигитални и нови иновативни елементи. Тиквеш вински туризам  преку нашиот проект во моментов нудат сместување во автентични, алтернативни поизолирани сместувачки капацитети во комбинација со добра храна и вино и поврзување со некакви спортски активности. Со тоа во голема мерка придонесуваат за локалниот и економскиот развој на Тиквешкиот регион и промовирање на Тиквеш како туристичка дестинација не само во земјава, туку и пошироко во регионот, рече Шишек.https://nezavisen.mk/tikvesh-kje-privlekuva-turisti-preku-avtentichni-poizolirani-smestuvachki-kapaciteti-dobra-hrana-i-vino/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close