СЕ РАБОТИ НА ПОДГОТОВКА НА ПРВОТО ЗАКОНСКО РЕШЕНИЕ ЗА ДОНИРАЊЕ ХРАНА

Дефинирање на надлежностите на сите надлежни институции кои ќе го креираат законското решение за регулирање на донирањето на вишоците храна од операторите преку интензивирање на соработката на невладините организации кои непосредно ќе бидат вклучени во дистрибуцијата на храната до крајните корисници. Ова се дел од заклучоците од   состанокот  на работната група за изработка на Законот за донирање на вишокот храна кој се одржа во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), објавено е на веб страницата на оваа  институција која е координатор на овој процес.

Блаже Јосифовски, претставник на Системот за донирање на вишок храна „Сите сити“ на невладината „Ајде Македонија“, истакна дека првото законско решение од ваков тип, е во интерес на досегашните 460 илјади граѓани, кои според анализите на здружението, имаат потреба од дополнителен оброк, но и на бизнис заедницата. Придобивките ќе бидат големи и од економски и од аспект на заштита на животната средина.

Во законското решение, според заменик директорот на АХВ Фирус Мемед, ќе бидат в градени  постојните законски решенија и искуствата од европските и од земјите од регионот во дефинирањето на стандардите за донирање на храна, чија основа ќе биде безбедноста на храната.

Како што објавува АХВ првото законско решение за донирањето храна ќе ги интегрира безбедноста на храната, социјалната политика, финансиите, невладиниот сектор и бизнис заедницата и други области и во иднина, според оценката на државните институции и невладиниот сектор, ќе биде основа за отворање на нови работни места.

З.Б.

 

Share Button